По ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран со температури кои се значително над просекот за овој дел од годината и кој се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, во четврток попладне се очекува локална дестабилизација на атмосферата проследена со развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на краткотрајно НЕВРЕМЕ проследено со пороен дожд, силени електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува и во петок, кога се очекува пад на температурите на воздухот, особено во северните предели од државава.
Максималните дневни температури од петок ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.
Во Скопскиот регион максималните температури од петок ќе бележат пад за 5 до 6 степени и ќе се спуштат од 40 на 34 степени, а ќе има услови и за локална нестабилност во делови од котлината, особено во четврток попладне и во петок.
УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициен 9).
За време на викендот повторно ќе имаме стабилно, сончево и МНОГУ ТОПЛО време со пораст на температурите на воздухот.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki