НАЈАВА: ДЕНЕС ПОПЛАДНЕ И НАВЕЧЕР ПОВТОРНО УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ!

објавено на:

13 Јун 2022

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа од утре па во следните денови Атмосферата ќе биде постабилна, а ќе има и многу повеќе сончеви периоди. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Што се однесува до температурите  , тие и понатаму ќе бележат тенденција на пораст и во следните денови максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]