НАДВОР НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА – ПОТПРОСЕЧНИ ТЕМПЕРАТУРИ СЛЕДУВААТ И ПОНАТАМУ, ДЕТАЛИ

објавено на:

22 Мар 2021

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи претежно од снег. Само на некои пониски места ќе има услови за повремени врнежи од дожд и од снег. На југоисток ќе има врнежи претежно од дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Повремено во делови од Скопската котлина ќе има услови за врнежи од дожд и од снег а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа утре и во среда времето ќе се задржи променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено на некои места ќе има услови за послаби врнежи претежно од снег. Од четврток ќе имаме постабилно и посончево време. Минималните температури ќе ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, кон крајот на оваа недела истите ќе бележат тенденција на постепен пораст.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука







Занимливости

  • 15 Окт 2024

    Топлата воздушна маса која условува Мини Лето во Македонија продолжи и во текот на денешниот ден. Најтопло до 17 часот попладнево беше во Гевгелија каде се измерени 28 степени. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете  и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 17 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.