НАВРНА ГОЛЕМ КОЛИЧЕСТВО НА ВОДЕН ТАЛОГ ВО МАКЕДОНИЈА – НАД 40 Л/М2

Во текот на изминатата ноќ како и денес претпладне во најголем дел од државава имавме облачно и врнежливо време и тоа под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран од Медитеранот. На повисоките планини од над 1500 м.н.в и тоа особено во западните и во северозападните предели имаше врнежи од снег.

Најмногу дожд досега има наврнато во Гевгелија и тоа 43 литри, потоа 32 во Пожаране, 19 во Претор и во Прилеп, 17 во Битола, 15 во Демир Капија, 13 во Штип, 9 во Скопје, и по 7 литри во Охрид и во Струмица.

Потоа во текот на утрешниот ден како што веќе најавивме ќе има краткотраен престанок на врнежите.

Нов голем бран на врнежи ќе пристигне во текот на утрешната ноќ кон среда кога ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и снег на планините, но АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ околу ова следува до крајот на денешниот ден.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука