Наврнаа 12 л/м2 воден талог во текот на изманатата ноќ, денес ново АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ за НЕВРЕМЕ

објавено на:

19 Авг 2020

од:

сподели:

Во текот на изминатата ноќ најмногу дожд наврна во Крива Паланка, и тоа 12 л/м2 воден талог. Сето ова е поради продорот на влажна и нестабилна воздушна маса која од Косово навлезе во Македонија.

Денес од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ со обилен пороен дожд за кратко време, засилен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималната дневна температура ќе се движи во интервалот од 25 до 32 степени.

Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Што се однесува до атмосферата, истата целосно ќе се стабилизира па така од утре па натаму следуваат неколку денови со стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на пораст, и за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

За нови, и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 







Занимливости

  • 17 Апр 2025

    Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина  и песок во воздухот. Сепак, денес беше  и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете  [...]