МНОГУ ТОПЛО УШТЕ ДЕНЕС И УТРЕ – ОД ПЕТОК НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР!
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 42 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 40 степени.
Потоа и утре ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Од петок под влијание на посвежа воздушна маса ќе има намалување на температурите и истите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Ќе дува и умерен ветер од северен правец кој Долж Повадарието повремено ќе засилува, а ќе има услови и за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во овие попладневни часови во нашата Република Македонија имаме појава на умерена облачност, а понатаму во следните часови ќе има и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Инаку, температурите и не се воопшто високи како што доликува за овој период од годината, напротив, тие и понатаму се потпросечни за овој период од годината. На метеоролошката карта [...]