МНОГУ ТОПЛО УШТЕ ДЕНЕСКА – ОД УТРЕ НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од западен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 38 степени.

Потоа од утре под влијание на посвежа воздушна маса од север ќе има намалување на температурите, а ќе дува и умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Повремено ќе има нешто повеќе облачност а ќе има и услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука