МНОГУ ТОПЛО, НО МОЖНО ЛОКАЛНО И КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА!

објавено на:

25 Јун 2022

од:

сподели:

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Исто така во овие попладневни и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.

Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ.

Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па токму поради ова на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]