МНОГУ ТОПЛО – НО ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ДОАЃА ПОРОЕН ДОЖД И НЕВРЕМЕ!
Во следните денови, како што и претходно кажавме, времето во Македонија ќе биде сончево и СЕ ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи. Понестабилно ќе биде за време на викендот, кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ, проследено со СИЛЕН ветер и со појава на град.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат се повисоки и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде сончево и се потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Особено за време на викендот ќе растат условите за нестабилност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 26 и 30 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]