МНОГУ СТУДЕНО ДО ПЕТОК – ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЈУЖНО ВОЗДУШНО СТРУЕЊЕ ЌЕ ИМА ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ!
До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 6 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено. Максималната температура ќе се искачи до околу 2 степени.
Потоа до петок времето ќе се задржи сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени и тоа особено утре кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 6 степени.
За време на викендот поради јужното воздушно струење ќе има пораст на температурите, а ќе има и повеќе облачност, додека од недела ќе има појава и на повремен локален дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Отсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]