МНОГУ СОНЦЕ И СТАБИЛНО ВРЕМЕ ПОНАТАМУ – ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ТЕМПЕРАТУРИТЕ

објавено на:

26 Окт 2021

од:

сподели:

Како што најавивме, под влијание на стабилна и сува воздушна маса, во следните денови во Македонија ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Поради ведрото време, наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата, додека преку денот истите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 19 степени.

Во Скопје и околината во следните денови ќе имаме стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат до околу 0 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат до околу 15 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki







Занимливости