Под влијание на потопла воздушна маса од југ и јужно воздушно струење, следните денови ќе имаме пораст на температурите на воздухот кој од четврток ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. Сепак и покрај ова атмосферата нема да биде во целост стабилна, што значи дека утре попладне повторно ќе има услови за локален дожд и ретка појава на грмежи. Постабилна атмосфера ќе имаме во четврток, иако ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи во попладневните часови.
Во петок во попладневните часови, особено на запад ќе има локални врнежи од дожд и тоа под влијание на нов влажен бран. Одсега гледано, врнежи на повеќе места и малку посвежо време ќе имаме во сабота додека од недела повторно температурите ќе бидат во пораст. Во петок пак ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен правец.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука