Поради продор на уште потопла воздушна маса од југ, од утре па во следните денови ќе имаме понатамошен пораст на температурите на воздухот. Истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени утре, додека на самиот почеток од следната недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во централните и во југоисточните предели во текот на следните денови максималната температура се очекува да се искачи до околу 32 степени. Овие температури влегуваат во оние вредности во кој се во границите на просекот за овој дел од годината.
Сепак и покрај ова атмсоферата нема да биде целосно стабилна, односно во претпладневните часови ќе имаме повеќе сончеви периоди додека во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град.
Според најновите анализи, ваквото нестабилно време ќе се задржи во поголемиот дел и од следната недела.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука