МЕТЕОРОЛОШКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: УТРЕ И ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАСИЛЕН ДО СИЛЕН ВЕТЕР ОД ЈУЖЕН ПРАВЕЦ (НАД 80 КМ/ЧАС) – ДЕТАЛИ

Утре и задутре (понеделник) ќе дува умерен до засилен, локално повремено СИЛЕН ветер од јужен правец кој повремено ќе достигнува брзина од над 80 км/час.  Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

Веќе во понеделник попладне и во вторник ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  Локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со град.

Од вторник и температурите на воздухот ќе бидат пониски и во вторник ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука