Според сегашните анализи кои ние ги направивме со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, укажуваат на тоа дека месецот септември во поглед на температурите и на врнежите треба да биде просечен. Што значи се очекуваат типични температури на воздухот за септември месец, а исто така и врнежи.
Повремено можни се нешто повеќе врнежи, особено во западните предели од државава.
Нормално дека повремено треба да се очекува и посвежо време од вообичаеното, особено во првите денови од месецот, кога особено наутро ќе биде осетно посвежо со ниски утрински температури кои на некои места се очекува да се спуштат и под 10 степени. Сето ова е поради продор на свежа воздушна маса од север.
Во текот на месец септември , исто така се очекуваат сеуште убави, летни и топли денови, но пеколни горештини како што кажавме пред извесен период повеќе нема да има.
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочна анализа на времето, голема е веројатноста да има промени во истата. Затоа граѓаните да ги следат нашите секојдневни и пократкорочни анализи, за најпрецизно да бидат информирани околу временската состојба кај нас.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki