МЕСЕЦ НОЕМВРИ ДО САМИОТ КРАЈ БИ МОЖЕЛ ДА БИДЕ ЗНАЧИТЕЛНО ПОСУВ ОД ВООБИЧАЕНОТО

Според последните анализи со кој ние разполагаме, овој месец до самиот крај гледано по врнежите би можел да биде значително посув од вообичаеното, иако околу 20ти ноември или после тоа би можело да дојде до некој посериозоен влажен бран и пад на температурите на воздухот.

По 20ти ноември се поголеми се условите и за првиот поизразен студен бран кој значително би ги спуштил температурите на воздухот, а со тоа е можно првите врнежи од снег да се појават и на некои пониски места. Состојбата околу ова континуирано ќе се следи па така и граѓаните навремено ќе бидат информирани за секоја ново – настаната состојба околу времето и временските прилики и неприлики во државава.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука