МАРТ ЌЕ ИЗНЕНАДУВА СО ВРЕМЕТО – ДАЛИ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПОВТОРНО СНЕГ?

Иако климатолошката пролет започна денеска, сепак сеуште сме календарски зима. Во продолжение следува месечната временска прогноза за овој месец:

Според сегашните  и подолгорочни анализи на времето, месец март ќе изненадува и ќе биде доста променлив. Имено се очекуваат повремени влажни воздушни бранови и циклонски циркулации кој ќе условуваат врнеживо и постудено време.

Не се исклучува можноста и за нови зимски продори на студена воздушна маса која би се спуштала од Сибир и би условила нови врнежи од снег, како на повисоките па така и на пониските места и тоа особено после 10ти март.

Сепак со оглед на тоа дека одиме кон топлиот месец од годината, се очекуваат и повремени продори од југ кој би ги покачиле температурите позначително со што би имале и пролетни температури во текот на овој месец.

Ситуацијата континуирано ќе се следи – за секоја ново – настаната временска состојба граѓаните навремено ќе бидат информирани, што значи дека граѓаните да ги следат нашите краткорочни анализи за прецизни информации.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука