Опасниот Медитерански УРАГАН ќе ја погоди соседна Грција веќе уште следните часови, а особено во текот на утрешниот ден условувајќи во најголем дел интензивни врнежи од дожд и урагански ветрови.
Најпогодена ќе биде јужна , југозападна и западна Грција каде локално количеството на воден талог би можело да достигне дури и до 200 л/м2 и би условило сериозни поплавувања како и големи штети. Ураганските ветрови ќе дуваат со огвромна брзина ( од 100 до 130 км/час, на некои места и со уште поголема брзина).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На Македонските граѓани кои се наоѓаат во соседна Грција ги советуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и во случај на невреме да обратат ПОГОЛЕМО ВНИМАНИЕ, на оние наши државјани пак кои утре планираат да патуваат токму во оваа соседна држава, тоа ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ да не го прават, особено не во јужните, југозападните и западните предели на соседна Грција.
За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука