МАКЕДОНИЈА ПРЕД ТИПИЧНА ЕСЕНСКО – СТУДЕНА НОЌ, НАЈАВА И ЗА ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ОД САБОТА НАВЕЧЕР

Претстојната ноќ кај нас ќе биде типично есенска и релативно СТУДЕНА со потпросечни температури на воздухот кој до утре изутрина на повеќе места ќе се спуштат и под 10 степени, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 15 степени во најтоплите предели. Особено во првата половина од ноќта ќе дува северен и северозападен ветер кој Долж Повардарието ќе биде и засилен на интензитет, а времето ќе биде насекаде ведро.

Потоа утре и во сабота претпладне сеуште ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Во сабота попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон недела облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за локален дожд. Во недела, особено во јужната половина од државава ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Не се исклучува можноста и за локално ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски просеци и застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Услови за нестабилност во недела ќе има и во Скопскиот регион, но од локален карактер.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Услови за локален пороен дожд и ретки грмежи ќе има и во понеделник, додека од вторник времето ќе биде претежно стабилно и суво.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki