МАКЕДОНИЈА ВО ОПАСНА ФАЗА ПОРАДИ ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ – ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА И СЛЕДНАТА СЕДМИЦА!

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат дури и над 42 степени.

Исклучок ќе биде недела, како и следната среда коа ќе има услови за локална појава на попладневна нестабилност.

Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради екстремно високите температури на воздухот, внимавајте како се однесувате со природата. Можна е појава на шумски пожари!

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki