ЛЕТО ВО НОЕМВРИ! ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД ГОЛЕМ СКОК НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – СЕ ОЧЕКУВААТ ДУРИ 25°C
Како што најавивме, под влијание на јужно воздушно струење од утре па натаму ќе имаме ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите на воздухот и во следните денови максималните температури ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени. Уште потопло ќе биде за време на викендот, кога на некои места температурите ќе се искачат дуру до 25 степени.
Времето ќе биде променливо облачно и релативно суво со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопскиот регион од утре температурите ќе бележат тенденција на пораст и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 21 степен. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]