ЛЕТОТО ВО НОЕМВРИ ПРОДОЛЖУВА! ВО АТМОСФЕРАТА ЌЕ БИДЕ ПРИСУТНА И САХАРСКА ПРАШИНА!

објавено на:

05 Ное 2021

од:

сподели:

Како што најавивме, за време на овој викенд, како и на самиот почеток од следната недела ќе имаме променливо облачно и навообичаено топло време за овој период од годината. Ќе има и сончеви периоди а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Постојат услови за сосема слаб и локален дожд.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени. Да напоменеме дека овие температури се повисоки од просечните дури за околу 10 степени.

И во Скопскиот регион за време на овој викенд, како и на самиот почеток од следната недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе биде и невообичаено топло. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 21 степен.

НАПОМЕНА: Поради изразеното јужно воздушно струње, овој викенд, како и во почетокот од следната недела од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена и со намалена видливост.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]