КРАТКОТРАЈНА НЕСТАБИЛНОСТ ВО ТЕКОТ НА НОЌТА НЕДЕЛА КОН ПОНЕДЕЛНИК – ПРЕТЕЖНО СТАБИЛНА И СУВА НАРЕДНА СЕДМИЦА!

објавено на:

04 Сеп 2022

од:

сподели:

Денес ќе имаме претежно стабилно и суво време, додека доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално и тоа особено во источните и југоисточните предели процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења. силен ветер и услови за појава на град.

Услови за нестабилност и можност за појава на локално невреме ќе има и во Скопската котлина.

Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени, што значи дека летните горештини и официјално завршија кај нас за оваа година.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]