КОНЕЧНО ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ, МИРНА АТМОСФЕРА И БЕЗ НЕКОИ НОВИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ!

објавено на:

05 Сеп 2022

од:

сподели:

Следува период на претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежнбо од јужен и од југоисточен правец.

Во попладневните часови локално ќе има позначителна облачност и ќе има услови за краткотраен дожд проследен со многу ретки грмежи.

Температурите ќе бележат тенденција на не многу голем пораст и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека кон крајот на оваа работна недела температурите во најтоплите предели ќе се искачат до околу 33 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде претеќно стабилно и суво, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 30 степени.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki







Занимливости