После долгиот сушен период кој ја зафати нашата држава, конечно доаѓа крај на сушата и тоа поради влијанието на моќниот циклон кој е со центар над Џеновскиот залив и кај нас ќе пристигне утре доцна попладне и во вечерните часови, најпрвин во западните предели од државава каде ќе започнат врнежи од дожд, исто така утре ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец кој ќе се задржи и во следните денови.
Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени, голем пад на температурите на воздухот ќе имаме од сабота кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.
Од сабота па натаму под влијание на овој моќен циклонски систем ќе имаме чести врнежи од дожд кој локално ќе бидат проследени со грмежи и со силен ветер од јужен и од југозападен правец.
Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 35 л/м2).
За нови, подтелни и по потреба оновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука