КОНЕЧНО ПОСЛЕ ДОЛГО ВРЕМЕ – КРАЈ НА СУШАТА ВО МАКЕДОНИЈА, ГОЛЕМИОТ ВЛАЖЕН ВОЗДУШЕН БРАН СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС

објавено на:

08 Дек 2020

од:

сподели:

Денес времето во државава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови од запад облачноста ќе се зголеми и во ноќните часови кон утрешниот ден ќе има врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, доцна попладне од запад облачноста ќе се зголемува и во ноќните часови ќе започнат врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 12 степени.

Потоа утре ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог, додека на повисоките планински места се очекува формирање на снежна покривка од над 20 сантиметри, особено на запад и северозапад. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени. Потоа во следните денови ќе се задржи променливото време со повремени врнежи од дожд и снег на планините, температурите на воздухот нема многу да се менуваат во однос на сегашните.

Со овој голем влажен воздушен бран и циклонска активност, конечно ставаме КРАЈ на долгиот сушен период кој ја зафати цела наша територија.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.