Конечно летни температури оваа недела – но и попладневна локална НЕСТАБИЛНОСТ, особено на планинските места!

Во следните денови, како што и претходно најавивме, времето во Македонија ќе биде сончево и СЕ ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови, локално и тоа особено во планинските предели ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, додека од средината на оваа недела во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени.

И во Скопскиот регион во следните неколку денови времето ќе биде сончево и СЕ ПОТОПЛО со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 27 и 30 степени.

Барем одсега гледано, понестабилно ќе биде за време на викендот, односно во сабота кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално овие процеси би можеле да бидат застапени и во форма на НЕВРЕМЕ.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki