Како среде есен – измерени 5°C во Македонија – погледнете ги температурите измерени во вашето населено место
Изутринава во Македонија беше забележана вистинска есен, поради понатамошниот продор на свеж воздух од север, и понатаму се забележуваат невообичаено ниски температури. Најсвежо ова утро беше во Претор каде што се измерени само 5 степени. Најтопло беше Скопје каде температурата на воздухот изнесуваше 11 степени.
Во текот на денешниот ден пак највисока максимална дневна температура е забележана во Демир Капија и Струмица, и тоа 24 степени што исто така е под повеќе годишниот просек. Најсвежо беше повторно во Претор и Крива Паланка каде максималната температура на воздухот се искачи до 20 степени. Во Скопје денес се измерија 22 степени исто како и во Битола, потоа во Штип 21, Виница исто така 21 степен, Тетово 21 степен.
Како што најавивме за понатаму, односно од четврток под влијание на потопла воздушна маса од југ, и јужно воздушно струење температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]