ИСКРШЕНИ ГРАНКИ ОД ДРВЈА ПОРАДИ СИЛНИОТ ВЕТЕР, СИЛЕН ДОЖД, ГРАД И ЕЛЕКТРИЧНИ ПРАЗНЕЊА: СТРАШНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ НЕГОТИНО! (ФОТО)
Територијата на Македонија се наоѓа во поле на низок воздушен притисок (циклонска активност од југозапад) и истата условува чести врнежи и грмежи.
Попладнево од југозапад навлезе исклучително влажна и нестабилна воздушна маса, поа така на повеќе места низ Македонија имаше појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите беа застапени во форма на НЕВРЕМЕ.
Најинтензивни Атмосферски процеси имаше во Скопје и Неготино, каде има и паднати дрвја поради силниот ветер.
Во Неготино пак имаше и интензивни врнежи од дожд и град, силен ветер и електрични празнења. Појава на електрични празнења имаше и во Скопскиот регион.
Нестабилното време ќе се задржи и во следните денови, но сепак најмногу врнежи ќе има во текот на утрешниот ден кога повторно е можно локално НЕВРЕМЕ.
Во продолжение погледнете ги неколкуте фотографии од денешното СТРАШНО НЕВРЕМЕ кое го зафати Неготино
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.