ИСКОРИСТЕТЕ ГО ПРЕКРАСНОТО ВРЕМЕ ОВОЈ ВИКЕНД ЗА ПОСЕТА НА ПРЕКРАСНИОТ КОПЛЕКС “АУРОРА КОЗЈАК”!

објавено на:

15 Јул 2022

од:

сподели:

Во следниот период, вклучувајќи го и викендот во Македонија, како и во Скопскиот регион времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Исклучок ќе биде недела кога во попладневните и во вечерните часови локално ќе има појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за краткотрајна нестабилност во недела попладне ќе има и во Скопје и околината. Но сепак тоа не би било ништо сериозно.  Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени, и тоа за време на викендот кога ќе бидеме под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка.
Почитувани наши, прекрасното време, со мали исклучоци во недела попладне можете да го искористете за прошетка во природа и секако да го посетете прекрасниот комплекс Аурора Козјак кој се наоѓа половина час оддалечено од главниот град Скопје. Истиот изобилува со природна убавина и прекрасна храна, а времето како што и рековме претходно ќе биде идеално за да го посетете истиот за време на овој викенд и да уживате во позитивната атмосфера на овој прекрасен коплекс Аурора Козјак.
  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki







Занимливости

  • 24 Мар 2025

    Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]