ИСКОРИСТЕТЕ ГО ПРЕКРАСНИОТ ВИКЕНД – ОД ПОНЕДЕЛНИК НОВО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

објавено на:

21 Авг 2020

од:

сподели:

За време на овој викенд, како што и најавивме ќе имаме стабилно, суво, сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 утре, и од 30 до 37 во недела.

Сепак искористете го овој прекрасен викенд за прошетки и за плажирање во некои од нашите туристички центри поради тоа што веќе во понеделник попладне и навечер ќе имаме нова промена на временската состојба кај нас.  Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежик и засилен ветер.

Нестабилното време ќе продолжи и во вторник а локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање за неколку степени.

За нови, и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.