До крајот на денешниот ден, како и утре времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за сосема ретка појава на локален краткотраен дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат речиси ЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 25 степени, додека утре максималната температура ќе се искачи до 26 степени.
Потоа од четврток па натаму времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а особено во планинските предели ќе има појава на локален дожд, а ќе има услови и за локална нестабилност, проледена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на итнезнитет, додека температурите ќе бележат тенденција на пад за неколку степени.
Барем одсега гледано, за време на продолжениот празничен викенд времето кај нас ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи, и тоа особено во попладневните часови. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, што значи дека ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имаме сега за 5 до 6 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki