ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА – ПОНАТАМУ СНЕГОТ ЌЕ ГО ИМА И НА ПОНИСКИТЕ МЕСТА, ОД СРЕДА ПА НАТАМУ -15°C

објавено на:

10 Јан 2022

од:

сподели:

Под влијание на влажен и студен воздушен бран до крајот на денов и во текот на ноќта времето во Македонија ќе биде облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог, додека на повисоките места ќе дојде до формирање на нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува. Во следните часови услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, особено во западните и во северните предели. Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи кои ќе бидат од дожд, додека на околните планини ќе има врнежи од снег. Во текот на следите часови услови за врнежи од дожд и од снег, или мокар е можен и во котлината. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 2 степени.

Инаку утре ќе се задржи претежно облачно и СТУДЕНО време со повремени локални врнежи претежно од снег, само на некои пониски места ќе има услови за врнежи од дожд и од снег. Ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели.

И во Скопскиот регион утре ќе се задржи облачно и студено време со услови за послаби локални врнежи од дожд и од снег, или мокар снег.. Ќе дува засилен ветер од северен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 6 степени.

Потоа од среда па натаму ќе имаме стабилизирање на времето но температурите ќе бидат уште пониски, и минималните понекаде ќе се спуштаат до околу -15 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 7 степени во крајните југоисточни предели.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Отсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.