ИЗРАЗЕН ВЛАЖЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: ДОСЕГА НАВРНАА 37 Л/М2 ВОДЕН ТАЛОГ – ЧЕСТИ ВРНЕЖИ ЌЕ ИМАМЕ И ПОНАТАМУ
Како што веќе и најавивме во текот на изминатата ноќ како и во текот на денешниот ден, нашата територија е под влијание на изразен влажен воздушен бран од Медитеранот и истиот насекаде условува врнежи од дожд, додека на планините врнежите се од снег и таму снежната покривка се зголемува.
Краткотрајно стабилизирање на времето ќе имаме утре, додека нови повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ се очекуваат од среда па натаму. Нa планините врнежите ќе бидат од снег и таму снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми.
Досега најмногу дожд има наврнато во Струмица, и тоа 37 литри дожд на м/2, потоа Штип 33 литри, 31 литар во Берово, 20 литри во Крива Паланка и во Прилеп, 19 литри во Претор, 17 литри во Битола и 10 литри во Пожаране.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]