Во текот на денешното изминато утро во Македонија беше доста студено, па така во Берово и во Лазарополе температурата се спушти дури до -1 степен, каде имаше појава и на слаб мраз. Во Битола пак наврнаа дополнителни 2 л/м2 воден талог.
Инаку од денес, па во следните денови температурите брзо ќе растат и во следните денови максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.
Времето ќе биде сончево и тоа особено во претпладневните часови. Ќе има појава и на мала до умерена облачност, додека во попладневните часови и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно стабилно, иако локално и повремено ќе има повеќе облачност. Температуите во Скопскиот регион во следните денови исто така брзо ќе растат и ќе се искачат до околу 25 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki