Ова утро во Македонија е измерена најниската температура досега оваа зима, најстудено беше во Берово каде температурата на воздухот падна на -16 степени. Многу студено беше и во останатите места низ државава.
Во Битола се измерени -13 степени, во Крива Паланка -10 степени, Ѓуриште, Пожаране и во Претор се измерени -9 степени, и во Прилеп, Штип и во Струмица се измерени -8 степени.
Како што претходно најавивме, студеното време ќе се задржи до крајот на денов и во текот на утрешниот ден, додека попуштање на студот и продор на нешто потопла воздушна маса од југ ќе имаме од среда.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука