До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со појава на повремен локален дожд и тоа особено во југоисточните предели. На планините ќе провејува снег а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.
Инаку како што најавивме, поради спуштање на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, од утре па во следните денови времето во Македонија ќе бие променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со сончеви периоди, на некои места и подолги и со услови за локално провејување на снег. Ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец.
Што се однесува до температурите тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и минималните понекаде ќе се спуштаат дури до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki