ЗИМАТА НЕ ПОПУШТА: ПО НЕКОЛКУТЕ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ КОЈ СЛЕДУВААТ, ЗА ВИКЕНДОТ ДОАЃА НОВ ИЗРАЗЕН СТУДЕН БРАН!

Како што најавивме утре и во среда времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со умерена облачност. Ќе биде и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Веќе во четврток ќе има повеќе облачност и ќе има појава на локален дожд и снег на планините. Продор на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕН воздух од север ќе има во петок, како и за време на викендот кога услови за послаби локални врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, а температурите повторно ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО НИСКИ за овој период од годината.

И во Скопскиот регион утре и во среда ќе се задржи стабилно, суво и сончево со умерена облачност, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 14 степени. Во четврток ќе има повеќе облачност кога ќе има услови за послаби врнежи од дожд, а нов пад на температурите се очекува во петок и за време на викендот и истите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki