За време на викендот МНОГУ ТОПЛО – Постепено опаѓање на температурите и локално НЕВРЕМЕ во почетокот од следната недела!

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност, и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.

Потоа за време на викендот времето во Македонија ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. На повеќе места нестабилно и со пороен дожд и грмежи ќе биде во почетокот од следната недела, кога локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие за време на викендот ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, а во најтоплите предели и тоа особено во недела истите се очекува да се искачат и до близу 40 степени, а постепено опагање на истите се очекува од самиот почеток на следната недела. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki