Овој викенд започнува зимското сметање на времето, со што стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час наназад. Зимското сметање на времето започнува во недела на 25ти октомври. Со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад времето во недела во 03:00 часот по полноќ ќе се змета како 02:00 часот.
Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.
Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија.
Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на ЕУ ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.