ЗАПОЧНА СНЕГОТ ВО РЕГИОНОТ – ДЕТАЛИ

Во текот на денешните попладневни часови, поради падот на температурите на воздухот на планинските места во Хрватска започна да паѓа снег, снег врне и на планинските места во словенија, додека долж Јадранот се регистрирани интензивни врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер.

Оваа промена се спушта понатаму кон југ па така во текот на оваа ноќ ќе ја зафати Босна и Херцеговина, во текот на утрешниот ден на Босанските планини дождот ќе помине во снег со што се очекува формирање на снежна покривка, локално и позначителна.

Промената кај нас како што веќе најавивиме ќе пристигне утре попладне и во вечерните часови, условувајќи интензивни врнежи од дожд кој локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен југоисточен ветер.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука