Вчера беше забележан најтоплиот ден досега кога во Гевгелија температурата на воздухот достигна до 39 степени.
Многу топло беше и во останатите делови од државвава каде беа измерени многу високи температури на воздухот, во Охрид во текот на вчерашниот ден се измерија 34 степени, исто така и во Тетово додека во Прилеп, Битола и во Виница максималната температура на воздухот се искачи до 35 степени.
Уште потопло беше во Штип, во Струмица и во Скопје каде температурата достигна до 36 степени и во Демир Капија вчера беа измерени 38 степени. Сето ова е поради интензивното влијание на топлиот воздух од северните предели на Африка во нашата држава.
УВ ИНДЕКСОТ пак има МНОГУ ВИСОКА до ЕКСТРЕМНА вредност и има коефициент некаде измеѓу 9 и 10 па токму поради ова се издадени препораките до граѓаните да користат што повеќе течности, особено ладна вода и да носат заштитна опрема.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука