ЕКСТРЕМНИТЕ ГОРЕШТИНИ ЗАВРШИЈА ЗА ОВАА СЕЗОНА: ПОНАТАМУ НЕ ОЧЕКУВААТ ПРИЈАТНИ ТЕМПЕРАТУРИ

Ектремно топлите денови се веќе позади нас и повеќе екстремно топли денови не очекуваме. Од денес, па во текот на следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и пријатно топло, со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет на некои места.

За време на викендот, и тоа особено во недела Долж Повардарието ветерот ќе го промени својпт правец во северен и во северозападен.

Ќе има услови и за локален краткотраен пороен дожд и грмежи, особено за време на викендот.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот претежно од 25 до 33 степени, а УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Во Скопје и околината денес, како и во следните денови времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека во недела истиот ќе го промени својот правец во северен. Ќе има услови и за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено викенов. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 30 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki