ДО САМИОТ КРАЈ ОД ОВАА НЕДЕЛА НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО ВРЕМЕ ЗА МЕСЕЦ МАРТ – ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА!

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината а врнежите кои ги имавме во текот на денешниот ден на повеќе места, полека ќе престануваат. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Инаку како што најавивме до самиот крај од оваа недела времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Особено утре ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег, а ќе дува и умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени, а доста ниски ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени.

Постепено затоплување на времето и пораст на максималните температури се очекува во првите денови од следната недела.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -4 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 4 степени. Постепен пораст на температурите ќе има во првите денови од следната недела.