ДО КРАЈОТ НА ОВАА НЕДЕЛА ПРОДОЛЖУВА НЕСТАБИЛНОТО ВРЕМЕ – ЌЕ ИМА И ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ

До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Ќе има услови и за појава на локално НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и појава на град.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Во Скопје и околината денес, како и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, и тоа особено во попладневните часови ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 26 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука