ДОЦНА ПОПЛАДНЕВО И ВЕЧЕРВА СЕ ОЧЕКУВА ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ ВО ИСТОЧНАТА ПОЛОВИНА ОД ДРЖАВАВА – Нестабилно и со локално НЕВРЕМЕ и во следните денови!

објавено на:

24 Мај 2022

од:

сподели:

Доцна попладнево и вечерва и тоа особено во источната половина од државава ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силени електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и навечер во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално овие процеси можно е да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 31 степен.

Потоа во следните денови во претпладневните часови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека во попладневните и вечерните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината , и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и на многу места истите ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат дури и 35 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата нема да биде стабилна, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki







Занимливости