ДОАЃА СИЛНО ЈУГОЗАПАДНО СТРУЕЊЕ КОЕ ЌЕ УСЛОВИ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ И ТРАНСПОРТ НА САХАРСКА ПРАШИНА И ПЕСОК

Релативно свежото време, со пониски температури и тоа особено наутро ќе се задржи уште утре додек веќе од петок па за време на претстојниот викенд, нашата територија ќе подпадне под влијание на силно југозападно воздушно струење кое ќе услови повторно релативно летни температури на воздухот, што значи истите ќе бидат во позначителен пораст а со тоа ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со умерена локална облачност а услови за сосема сла локален дожд ќе има утре во западните предели на државава.

Како што најавивме, температурите понатаму ќе бидат во позначителен пораст и особено за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 30 степени, во најтоплите предели истите не се исклучува можноста да се искачат до околу 33 степени.

Во Скопје за време на овој топол бран температурата се очекува да се искачи до околу 30 степени,

Веќе од понеделник ќе започнат да растат условите за нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

НАПОМЕНА: Поради изразеното југозападно воздушно струење, за време на викендот, како и на почетокот од следната недела се очекува транспорт на прашина и песок од Сахара кон нашата држава. А и времето ќе биде поспарно и помачно.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука