ДОАЃА НОВ ВЛАЖЕН БРАН КОЈ СО СЕБЕ НОСИ ДОЖД И СНЕГ – МОЖЕН Е ВЛАЖЕН И ТЕЖОК СНЕГ КОЈ БИ МОЖЕЛ ДА СОЗДАВА ПРОБЛЕМИ!

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец и истиот на некои места ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 16 степени во најтоплите предели од државава.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Инаку како што најавивме утре времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Во сабота и тоа особено кон крајот на денот и навечер облачноста ќе се зголемува, и под влијание на нов влажен и студен бран од запад ќе започнуваат нови врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе продолжат и во недела и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Особено на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува.

За време на викендот исто така ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Повторно позначително опаѓање на температурите ќе има од недела и тогаш максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 8 степени.

И во Скопскиот регион утре ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност, додека особено во сабота и тоа кон крајот на денот и навечер облачноста ќе се зголемува и во текто на доцните вечерни часови и во текот на ноќта кон недела, како и во недела ќе има нови врнежи од дожд, додека на околните планини ќе растат условите за врнежи од снег. Помали услови за врнежи од дожд и снег повремено ќе има и во делови од Скопската котлина. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени.
Да напоменеме само дека за време на влажниот и студен воздушен бран кој доаѓа за време на претстојниот викенд, ќе создаде услови за формирање на снежна покривка и на некои пониски места низ државава (и тоа со висина од 5 до 20 сантиметри), особено во западните, југозападните и во северните предели. На планинските места истата ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми како што и најавивме претходно. Исто така треба да се напомене дека таму каде што снегот ќе биде влажен и тежок би можел да создава и проблеми.
  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki