До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 12 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.
Инаку како што најавивме, од утре попладне и навечер па натаму следува период на променливо облачно време, на повеќе места со повремени врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Локално и повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Врнежи само од снег повремено ќе има и на некои пониски места, особено во западните и во југозападните предели.
Што се однесува до температурите, минималните на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека максималните во текот на утрешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени, додека значителен пад на истите ќе има за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 7 степени.
НАПОМЕНА: Температурите кој се очекуваат во следниот период ќе бидат под повеќе годишниот просек за месец Март.
И во Скопскиот регион од утре попладне и навечер следува период на променливо облачно време, а особено за време на викендот ќе растат условите за повремени врнежи од дожд, додека на околните планини ќе има услови за врнежи од снег. Мали се условите во делови од Скопската котлина да има врнежи од дожд и снег, но сепак не се исклучуваат. Минималните температури понатаму ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.
Во текот на следниот период, a особено за време на викендот и тоа во западните и во југозападните предели се очекува понатамошно зголемување на снежната покривка.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki