ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ ВО ПЕТОК ПОПЛАДНЕ И ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ!
Во следните денови како што и најавивме, во претпладневните часови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, додека во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено нестабилно ќе биде во петок попладне, како и за време на викендот, кога локално ќе појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Што се однесува до температурите, тие остануваат невообичаено високи за овој период од годината, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. Пад на истите за неколку степени ќе има во недела.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови и тоа особено за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на КРАТКОТРАЈНО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ. Ќе биде и МНОГУ ТОПЛО со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 35 степени, додека пад на истите за неколку степени се очекува во недела.
НАПОМЕНА: За време на оваа влажна и нестабилна воздушна маса, локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО КОЛИЧЕСТВО на воден талог.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета. Исто така во случај на електрични празнења, овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.